Customer Service

18/06/2024, Hi-Tech Corporation, Skopje, Republic of Macedonia
Аплицирај

Позиција: CUSTOMER SERVICE ОПЕРАТОР 

Hi-Tech Corp. е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.

А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN  акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens

Во моментов отворено е следното работно место:

CUSTOMER SERVICE ОПЕРАТОР 

Опис на работно место:

  • Процесирање на понуди и праќање до клиенти, follow up на понуди
  • Креирање и следење на налози за производство
  • Организирање на испораки и изработка на фактури и товарни листови

Работни услови: 

  • Работа во прва смена, од понеделник до петок од 07:30 до 16:00, и секоја трета сабота
  • Работа во втора смена по една недела на секои 2-3 месеци од 10:30 до 19:00 часот.

Што бараме:

  • Завршено минимум средно образование
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Претходно работно искуство е пожелно, но не задолжително

Што нудиме:

  • Организиран превоз од Скопје и околните градови (фабриката се наоѓа во с. Орешани – Зелениково);
  • Обезбедена храна;
  • Приватно здравствено осигурување за лојални вработени;
  • Почетна нето плата од 30.000 денари.

Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 30.06.2024 година. 
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликацијаСамо апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 

Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.

Other Positions at Hi-Tech Corporation

Interested?! Talk with a Recruiter to Setup an Interview