Оператор во одржување

29/07/2025, Hi-Tech Corporation, Skopje, Republic of Macedonia
Аплицирај

Позиција: ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ

Hi-Tech Corp. е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.

А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN  акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens

Во моментов отворено е следното работно место:

ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ

(Машински/Електро техничар)

Опис на работно место:

  • Се грижи за превентивно одржување на машините 
  • Интервенира онаму каде што се јавуваат дефекти 
  • Ги извршува задачите дадени од инженерите и раководителот 

Што бараме:

  • Завршено средно образование (електричари, електротехничари, машински техничари) 
  • Подготвеност за работа во две смени 

Што нудиме:

  • Организиран превоз од Скопје и околните градови (фабриката се наоѓа во с. Орешани – Зелениково);
  • Обезбедена храна;
  • Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
  • Исплата на месечен бонус за редовност 

Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 30.06.2024 година.

Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.

Other Positions at Hi-Tech Corporation

Interested?! Talk with a Recruiter to Setup an Interview